Business Planning Trainings- What have we achieved? | CCM
Share

Business Planning Trainings- What have we achieved?

Date: 27.01.2020

Седа и Фјола се девојки-студентки од Струга, учеснички на обуките за бизнис планирање. Нивната идеја за најдобар бизнис план беше првонаградена во рамки на овие обуки. Следи кратко интервју за нивниот впечаток за обуките за бизнис планирање:

1. Од кои причини се пријавивте на бизнис обуките кои се спроведуваат во рамки на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област?”

Причина зошто бевме дел од овој тип на обуки, е здобивање на знаењата како да се менаџира и реализира идејата во конкретна форма, на применлив начин.

2. Колку обуките придонесоа во развивање на вашата бизнис идеја ?

Обуките беа многу ефикасни затоа што идејата што ја спомнавме погоре успеавме да ја доведеме во форма на Бизнис план. Ова значи дека идејата што беше само замисла и нешто далечно, сега е финализирана во конкретен Бизнис план. Ова нѐ мотивира да веруваме во идеи и да стремиме кон нивна реализација.

3. Која е Вашата бизнис идеја ...

Бизнисот што го планираме е од делот на „онлајн услуги", област за која има недостаток во РСМ. Услугите ќе значат продажба на прехрамбени производи од понудата на сите посточеки маркети на локално ниво при што потрошувачите ќе можат да купат прехрамбени прозводи со достава на нивна адреса, притоа штедејќи време.

Str.Mitropolit Teodosij Gologanov no.34a,
1000 Skopje, North Macedonia

Tel: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk