Во периодот од 25 октомври до 12 ноември, во вкупно 13 градови низ Македонија беше спроведена кампањата „Собрание за граѓаните“, која се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“ (ППП).
ППП е 10-годишен проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Северна Македонија. „Програмата за парламентарна поддршка“ се спроведува од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП).
За време на посетите граѓаните имаа можност да се запознаат со пратениците од нивните градови и да ги споделат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат. За помалите генерации имаше содржини за анимирање и едукација. Поточно, на креативното катче имаа можност да истакнат пораки кои би ги упатиле до своите претставници, кои подоцна ќе бидат изложени во собранието на РСМ. Дополнително, Парламентарниот Институт при Собранието на РСМ преку интерактивна презентација им ја доближи на граѓаните работата на Собранието и неговите надлежности и функции.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024