Една од моќните пораки на професорот Френсис Фукујама која ми остави впечаток гласи „The strength of the state and the capacity of the institutions are fundamental for the development of the economy.“
Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска е дел од 4-та Регионална лидерска академија за развој за Западен Балкан, што ќе се одржи од 7-11 март 2022 година во Скопје, Северна Македонија, во организација на Институтот за демократија Социетас Цивилис и поддржана од Balkan Trust for Democracy (BTD) и National Endowment for Democracy (NED).
Во оваа програма за избрана група од 25 владини претставници на средно и високо ниво од јавниот сектор, академската фела, граѓанското општество, тинк тенкери и практичари од приватниот сектор, учесниците учат како да бидат ефективни лидери на реформите и да промовираат здрави јавни политики во сложени и спорни услови. Петдневната интензивна програма за обука ја водат професорите Френсис Фукујама, Роџер Лидс и Мајкл Бенон.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024