ЦУП ја одржа завршната конференција на проектот "Истражувачкото новинарство -чувар на демократијата и човековите права " | ЦУП
Сподели

ЦУП ја одржа завршната конференција на проектот "Истражувачкото новинарство -чувар на демократијата и човековите права "

Дата: 13.12.2017

Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, ја реализираа денеска во хотелот Мериот во Скопје, завршната конференција за проектот “Истражувачкото новинарство – чувар на демократијата и човековите права”.

Со свое обраќање конференцијата ја отвори извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, која оцени дека успешното спроведување на овој проект претставува продолжение на една од клучните заложби на ЦУП, за одговорно, транспарентно и отчетно владеење.

“ Затоа одлучивме да го поддржиме квалитетно истражувачко новинарство, кое е во служба на јавниот интерес и граѓаните. Новинарство кое ќе бара одговор на најтешките прашања, ќе инсистира на одговорност и транспарентност од носителите на власта и ќе алармира на секое неодговорно, неетично и нечесно постапување” – изјави Малеска-Сачмароска.

Претседателот на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, се осврна на правните дилеми околу остварувањето на слободата на изразувањето и нивното значење за квалитетното истражувачко новинарство, додека Јаромир Левичек, раководител на сектор во делегацијата на ЕУ и Пол Едвардс, заменик-шеф на мисијата во Британската амбасада во Скопје, го подвлекоа значењето на истражувачкото новинарство за демократските процеси во државите.

Според ова толкување, истражувачките новинари со својата работа секогаш потсетуваат на одговорноста и отчетноста на носителите на власта пред граѓаните.

Во рамките на конференцијата, беше презентирана и најновата анализа за професионалност во медиумите, за чии наоди говореа, универзитетската професорка Јасна Бачовска – Недиќ, експертот за односи со јавност, Гоце Пачемски, универзитетскиот професор, Темелко Ристески и адвокатот Лазар Сандев.

За значењето на платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и за истражувачките стории кои ги спроведоа како дел од проектот, зборуваа новинарите Зоран Димитровски од Фокус и Марина Костова од Сакам Да Кажам.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk