Центарот за управување со промени учествуваше во дискусиите за наодите од анкетата за квалитетот на животот- споделување податоци за креирање подобри политики | ЦУП
Сподели

Центарот за управување со промени учествуваше во дискусиите за наодите од анкетата за квалитетот на животот- споделување податоци за креирање подобри политики

Дата: 29.06.2018

Заедно со 60 претставници на јавни органи на Европско, национално и регионално ниво, синдикати, бизнис, академско и граѓанско општество, ЦУП  учествуваше во дискусиите за наодите од анкетата за квалитетот на животот -споделување податоци за креирање подобри политики. Quality of Life Survey 

Дискусијата се одржа на 26 јуни во Белград и беше организирана од Европската фондација за подобрување на животните и условите за работа (Eurofound).

 The European Foundation for the Improvement of Living and Working Conditions (Eurofound)

 

Главните наоди се оценуваат во три главни области: (1) Квалитетот на животот кој се мери со субјективната благосостојба, оптимизмот, здравјето, стандардот на живеење и аспекти на лишување, рамнотежа помеѓу работата и животот; (2) Квалитетот на општеството: социјална несигурност, перцепција на социјална исклученост и општествени тензии, доверба во луѓето и институциите, учество и ангажирање на заедницата и вклучување во обуката / доживотното учење (3). Квалитет на јавните услуги: здравствена заштита, долгорочна нега, згрижување и други јавни услуги

Република Македонија е оценета заедно со 28 земји-членки и земјите кандидати Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk