Конференцијата ќе се одржи на 15-ти април 2021 година, (четврток), од 10 до 12 часот, на online платформата ZOOM.
Целта на конференцијата е да се презентираат изработените електронски услуги на Министерството за образование и наука и да се отвори дискусија за придобивките од дигиталната трансформација во јавниот сектор.
Услугите се изработени во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.
На конференцијата ќе се обратат министерката за образование и наука Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Н.Е. Рејчеј Галовеј, програмскиот координатор во Центарот за управување со промени Мартин Тодевски, вишиот советник за политики во СИГМА Каидо Пабуск и професорот на ФИНКИ Боро Јакимовски. Настанот ќе го модерира извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска.
Можете да се приклучите на конференцијата на следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/84719910635
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024