На 15.05.2025 година, во просториите на собранитео на Република Македонија, Центарот за управување со промени (ЦУП), во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, ја организираше конференцијата „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“, на која се зборуваше за потенцијалот во дигитализацијата на Собрание на Република Северна Македонија .
На конференцијата ги промовиравме следните две дигитални платформи кои ги изработивме во рамки на Parliament Support Programme :
- kancelarii.sobranie.mk , која овозможува полесен пристап до канцелариите на асистентите на пратениците и
- prashaj.sobranie.mk , која овозможува полесен пристап до парламентарните дискусии, а која беше изработена заедно со млади ентузијасти од Brainster Next факултет
На конференцијата свое обраќање имаа претседателот на Собранието Африм Гаши, Генералната секретарка на Собранието Марина Димовска и амбасадорката на Швајцарската Амбасада во Скопје Вероник Улман.
Во рамките на Конференцијата, се одржаа две панел дискусии за „Промени, лидерство, капацитет и инклузија“ и „Вештачката интелигенција и иднината на парламентарното управување - парламенти, отворени податоци и вештачка интелигенција“.
Како функционерите во рамки на првиот панел, така и експертите во наредните две панел дисксуии ја истакнаа клучната функција на дигитализацијата во зајакнување на транспарентноста на Собраниео и негово доближување кон граѓаните, но и потенцијалот за поквалитетно собирање и обработка на податоци, што ќе доведе до подобри јавни политики.