Дискусија со претставници на институциите во врска со новите закони за вработените во јавниот сектор и административните службеници | ЦУП
Сподели

Дискусија со претставници на институциите во врска со новите закони за вработените во јавниот сектор и административните службеници

Дата: 27.09.2025

На 25 и 26 септември во Велес се одржа дискусија за нотирање на предизвиците во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници. на средбата присуствуваа претставници од Министерството за јавна администрација, Агенцијата за администрација и Државниот управен инспекторат. Средбата беше организирана од центарот за управување со промени во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democrasy NED. 

На средбата, во атмосфера на конструктивен дијалог, се дискутираше за можните решенија кои ќе бидат дефинирани во подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за администраивните службеници. Дискусијата беше насочена кон нотирање на клучните елементи кои треба да бидат дел од подзаконските акти, а врз основа на кои ќе се обезбеди стратешки пристап во управувањето со човечките ресурси во администрацијата, заснован на заслуги, јасни и прецизни критериуми за вработување, унапредување и мобилност во јавната служба, соодветни индикатори за мерење на ефектите од работата и остварувањето на институционалните приоритети, како и дефинирање на механизмите за одговорност, отчетност и транспарентност во постапувањето.

На средбата и претходеше анализата на ЗАС и ЗВЈС која ја подготви ЦУП, а која можете да ја прочитате на следниов линк: https://cup.org.mk/publication/policy-paper-analysis-of-laws-on-public-sector-employees-and-administrative-officials