Денес во Општина Тетово Центарот за управување со промени заедно со партнерските организации донираше опрема за заштита од Ковид 19 која опфаќа 4800 заштитни маски за лице, 625 визири и 550 антибактериски сапуни на природна база.
Целата заштитна опрема беше избработена од жени претприемачки од занаетчискиот, услужниот и производствениот сектор во региониот на Полог и Елбасан кои се вклучени во проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“ финансиран од Европска Унија.
Оваа донација ќе им помогне на граѓаните, полицијата и здравствените работници во заштита на нивното здравје за време на извршување на работните обврски, но и во зајакнување на капацитетите за производство и продажба на жените претприемачки од прекуграничниот регион.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024