Изложба „Жени во занаетчиство“ | ЦУП
Сподели

Изложба „Жени во занаетчиство“

Дата: 19.05.2022

Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од USAID North Macedonia и Balkan Trust for Democracy, организираше изложба „жени во занаетчиство“ под покровителство од сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска.

Изложбата беше организирана од 16 до 17 мај 2022 година на платото во резиденцијата на Претседателот на Република Северна Македонија.

Настанот беше отворен на 16 мај 2022 со поздравни говори од страна на Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, Сопругата на Претседателот на РСМ г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Амбасадорката на САД во РСМ Kate Marie Byrnes и Претседателката на Занаетчиска Комора Анета Атанасовска.

Изложбата на 17 и 18 мај 2022 беше од отворен карактер за посета на претходно пријавени посетители. Настанот беше посетена од страна на Претседателот на државата Стево Пендаровски, група пратенички од Собранието на РСМ, студенти и средношколци.  

Присутните се запознаа со културата, традицијата и уметноста кои во себе ги носат уникатните производи на жените занаетчии. Но, најважно е тоа што сите го препознаа значењето на женското претприемништво и потребата од негова понатамошна поддршка и развој.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk