Новости
Завршна конференција за проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права"
Дата: 12.12.2017
Во Среда, 13-ти Декември, во Хотелот Мериот во Скопје, во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права ќе се одржи завршната конференција на проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права".
Со свое обраќање конференцијата ќе ја отвори извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска. Свое излагање ќе имаат и претседателката на ИЧП, Маргарита Цаца Николовска, како и Јаромир Левичек од делегацијата на Европската Унија и Пол Едвардс, заменик шеф на британската амбасада во Скопје.
Покрај постигнувањата на проектот, на конференцијата ќе бидат претставени и анализите за остварување на правото за слобода на изразувањето и за перцепцијата на граѓаните и новинарите за професионализмот во медиумите.
Најнови новости
Презентација на докуемнти за јавни политики
Дата: 16.03.2026
Завршен настан на проектот „Y-O Model“
Дата: 23.02.2026







