Организирана првата работилница за вклучување на младите во констрултивен дијалог: Комунистичко минато во Современ западен Балкан во Тирана | ЦУП
Сподели

Организирана првата работилница за вклучување на младите во констрултивен дијалог: Комунистичко минато во Современ западен Балкан во Тирана

Дата: 12.04.2021

 

Во рамки на Проектот Европа за граѓаните „Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во Современ западен Балкан “ предводен од Центарот за компаративни и интернационални студии (CCIS), се одржа првата работилница во Тирана од 09-11 април 2021 година. ЦУП како партнер во овој проект исто така учествуваше на овој тридневен мешан настан.

Пленарната сесија, одржана преку ZOOM на  9 април 2021 година, обедини академици, истражувачи, експерти, активисти на граѓанското општество и млади луѓе за да разговараат за вклученоста на младите во конструктивниот дијалог во врска со комунистичкото минато, фокусирајќи се на случајот со Албанија. Педесет лица од Албанија, Италија, Франција и Северна Македонија учествуваа на првиот ден. Главни говорници на пленарната сесија беа: проф. Д-р Адријан Цивичи, ректор на Медитеранскиот универзитет во Тирана и проф. Д-р Енрикета Панделејмони.

На вториот ден од работилницата, исто така на ZOOM говорниците пред 30тина учесници од повеќе земји, говореа за реконструкција на колективната меморија и политички дискурс во пост-тоталитарната Албанија: Критички пристап, отсуството на политичка култура која го објаснува недостатокот на демократска консолидација во Албанија, единство и поделба на власта во светло на уставните системи во Албанија и 
влијанието на „Младиот социјалист“ врз структурирањето на политичките партии во посткомунистичкиот период.

Третиот ден на 11 април 2021 година беше организиран во форма на теренска посета во Тирана, да се види  архитектонскиот, урбаниот и социо-економскиот развој на главниот град од времето на комунизмот до денес. Младите во придружба на д-р Ерида Курај и д-р Блерјана Бино ја посетија и Куќата на лисјата, Музејот на тајно следење за време на комунизмот во Албанија.

Во целина, младите изразија задоволство од работилницата, стручноста на говорниците, дискутираните теми, можноста за вмрежување и размена на идеи и запознавање на Тирана од друга перспектива.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk