Следи ја работата на Владата преку платформата www.odgovornavlada.mk | ЦУП
Сподели

Следи ја работата на Владата преку платформата www.odgovornavlada.mk

Дата: 26.08.2024

Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, кој е поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, ја изработи интерактивната веб страницата ОДГОВОРНА ВЛАДА (www.odgovornavlada.mk) која функционира како платформа за следење на работењето и реализација на мерките на Владата согласно официјалната Програма за работа на Владата 2024-2028.

Платформата сега овозможува преглед на ветувањата дефинирани во програмата за работа на Владата, во 11 одбрани области:

  • Дигитализација
  • Добро управување
  • Економија и труд
  • Правда и политички систем
  • Европски интеграции и надворешни работи
  • Енергетика
  • Здравство
  • Земјоделство
  • Инфраструктура
  • Образование
  • Социјална политика, млади и демографија

ОДГОВОРНА ВЛАДА има за цел да ја поттикне јавноста на јасен и едноставен начин да ја следат испораката на резултати за граѓаните согласно целите и мерките од Програмата за работа на Владата.

ОДГОВОРНА ВЛАДА има за цел да им овозможи на граѓаните, граѓанските организации и медиумите активно да ја следат работата на Владата и реализацијата на политиките.

Платформата ОДГОВОРНА ВЛАДА преку лесен и интерактивен пристап на корисниците им дава јасен преглед со точна и официјална верификација на изворите за работата на Владата.

Медиумите, граѓанските организации и истражувачките институции можат да ја користат платформата ОДГОВОРНА ВЛАДА како извор на информации за степенот на спроведување на планираните мерки и политики од страна на Владата. Оваа платформа служи како нагласување на одговорноста на Владата да работи кон долгорочен развој на државата и основа за потсетување на потребата од отчетност и транспарентност во работата на Владата пред граѓаните.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk