примопредавање на електронските услуги кои беа изработени во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор – фаза 2“ | ЦУП
Сподели

примопредавање на електронските услуги кои беа изработени во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор – фаза 2“

Дата: 15.06.2022

На 16.06.2022 година, во Министерството за образование и наука беше извршено примопредавање на електронските услуги кои беа изработени во рамки на проектот „Дигитализација на услуги во образовниот сектор – фаза 2“ проект поддржан од страна на Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од страна на Центарот за управување со промени.

Во рамки на овој проект беа изработени две електронски услуги – софтверско решение за електронски уписи на ученици во средните училишта и софтверско решение за конкурси за финансирање на научно – истражувачки проекти.

Центарот за управување со промени искажува голема благодарност до сите кои беа вклучени во проектните активности и целосната реализација на електронските услуги. Благодарност до Министерството за образование и наука, до поранешната министерката Мила Царовска со која отпочна проектот и актуелниот министер Јетон Шаќири и неговиот тим кој во континуитет проактивно учествуваше во изработката. Благодарност до Секторот за средно образование,  образование на возрасни и доживотно учење и Секторот за наука и иновации на Министерството за образование и наука за целокупниот ангажман. Особена благодарност до д-р Боро Јакимовски како предводник на тимот ИТ експерти и Даниел Кипријановски со чија што стручност електронските услуги од идеја дојдоа до комплетна реализација.

Вкупната бројка на ученици кои аплицирале за упис во средно училиште преку електронската услуга изнесува над 14.500.

Дигиталната транформација го менува начинот на кој функционира општеството во целост, придонесувајќи кон ефективни и ефикасни процеси, зголемено задоволство на корисниците и подобрување на работата на институциите. Центарот за управување со промени продолжува преку својата работа да ги поддржува процесите за дигитализација на услуги.                                                            

                                                     

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk