Колку се ефикасни вработените во јавниот сектор во тековната криза кога се принудени да работат од дома? | ЦУП
Сподели

Колку се ефикасни вработените во јавниот сектор во тековната криза кога се принудени да работат од дома?

Дата: 03.06.2020

Имавте ли потреба од соработка со администрацијата за време на кризата предизвикана од Ковид-19?

Комунициравте телефонски, преку имејл или моравте да се изложите на опасност и да одите во институциите?

Дали администрацијата квалитетно ја заврши работата?

Тековната криза заради светската пандемија покажа дека нашиот јавен сектор не може целосно да функционира надвор од редовните канцеларии. Отсуството на вработените од редовните локации резултираше со незадоволство на граѓаните од услугите на институциите, а во конкретниот случај на ова истражување со мал процент на одговорени барања за пристап до информации од јавен карактер. Причина може да биде недостапноста до информациите надвор од локалните мрежи, евентуално заради чување на податоците на локален сервер/компјутер, што значи дека е недоволно институциите да имаат само заеднички фолдер, туку и дека истиот би требало да биде достапен на облак (cloud) платформа. Од друга страна, можеби отсуството на определени вработени (на пример, заради организираните дежурства во институциите поради настанатата криза) го оневозможува работењето бидејќи никој друг го нема нивното знаење, односно истото не било споделено.

https://cup.org.mk/publicationspage.php?id=163

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk