Новости
Меѓународна конференција - Градење капацитети на институциите за обука на државни службеници
Дата: 12.03.2026
На 10-11 март 2026 година, во хотел Холдеј Ин во Скопје, беше одржана дводневна меѓународна конференција на тема „Градење капацитети на институциите за обука на државни службеници“. Конференцијата беше организирана во заедничка соработка помеѓу Центарот за управување со промени (ЦУП), Министерството за јавна администрација (МЈА), Регионалната школа за јавна администрација (РЕСПА) а со поддршка од Амбасадата на Република Франција.
Оваа дводневна конференција ги собра експертите од областа на јавната администрација од Северна Македонија, Србија, Албанија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Франција, Италија, Брисел и Молдова, со цел разменување на искуства од аспект на добри практики, предизвици и можни решенија за развојот на институциите за обука на државните служебници.
Првиот ден беше отворен со поздравни обраќања од страна на Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, Амбасадорот на Република Франција, Christophe Le Rigoleur, Директорката на Регионалната школа за јавна администрација, Маја Ханџиска Трендафилова, Заменик шеф на делегација на ЕУ во Северна Македонија, Ben Nupnau и програмската координаторка на Центарот за управување со промени, Искра Белчева Ристовска.
Во текот на првиот ден од конференцијата беа одржани три панел дискусии.
Првиот панел на првиот ден од конференцијата беше насловен „Од проценка на потребите до годишни програми за обука“, беше модериран од страна на Александра Стојановска од Министерството за јавна администрација, а панелисти беа Peter Vandenbruaene од федералната служба за јавни политики на Белгија, Charlotte Duflos од регионалниот институт за јавна администрација во Франција, Valentina Miličić од националната школа за јаван администрација во Хравтска, Sabrina Bandera од националната школа за администрација на Италија и Stanija Višekruna од националната школа за јаван администрација на Србија.
Вториот панел на првиот ден од конференцијата беше насловен „Рамка за управување со обучувачи и модалитети за склучување договори “, беше модериран од страна на Искра Белчева Ристовска од Центарот за управување со промени, а панелисти беа Mélanie Recour од федералната служба за јавни политики на Белгија, Charlotte Duflos од регионалниот институт за јавна администрација во Франција, Sabrina Bandera од националната школа за администрација на Италија, Valentina Miličić од националната школа за јаван администрација во Хравтска и Dafina Dodoveci од албанската школа за јавна администрација.
Третиот панел на првиот ден од конференцијата беше насловен „Методологии за обука, воведни испити и сертификација “, беше модериран од страна на Анета Иванова Стојаноска од Центарот за управување со промени, а панелисти беа Peter Vandenbruaene од федералната служба за јавни политики на Белгија, Charlotte Duflos од регионалниот институт за јавна администрација во Франција, Valentina Miličić од националната школа за јаван администрација во Хравтска, Sabrina Bandera од националната школа за администрација на Италија, Stanija Višekruna од националната школа за јаван администрација на Србија и Dalibor Ćopić од Агенција за јавни службеници на Република Српка, Босна и Херцеговина.
Во текот на вториот ден од конференцијата беше одржана една панел дискусија и работа во групи според концептот „World Cafe“.
Панел дискусијата за време на вториот ден од конференцијата беше насловена „Обезбедување на квалитет, евалуација, истражување и соработка“, која беше модерирана од страна на Емилија Герогиева Ѓошевски од Министерството за јавна администрација, а панелисти беа Mélanie Recour од федералната служба за јавни политики на Белгија, Charlotte Duflos од регионалниот институт за јавна администрација во Франција, Valentina Miličić од националната школа за јаван администрација во Хравтска, Sabrina Bandera од националната школа за администрација на Италија, Dafina Dodoveci од албанската школа за јавна администрација и Zemka Striković од управата за човечки ресурси на Црна Гора.
Остатокот од денот учесниците работеа во групи согласно концептот на World Cafe, кој беше модериран од страна на Јелена Мрдак од Регионалната Школа за јавна администрација. Целта на оваа вежба е учесниците од различни држави поблиску да се запознаат со практиките на институциите од останатите држави да споделуваат искуства.
Оваа дводневна меѓународна конференција придонесе кон поврзување на експертите по јавна администрација од различни држави, а особено запознавање со практиките на државите кои веќе имаат воспоставено институции за обука на државните службеници паралелно со процесот на воспоставување на македонската Академија за обука и стручно усовршување на државните службеници.
Најнови новости
Завршен настан на проектот „Y-O Model“
Дата: 23.02.2026
Mожно ли е владеење на правото со комерцијален службен весник?
Дата: 10.02.2026


















