ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АСИСТЕНТ / ПР ЛИЦЕ | ЦУП
Сподели

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АСИСТЕНТ / ПР ЛИЦЕ

Дата: 11.10.2021

Центарот за управување со промени има потреба од ангажирање на асистент / ПР лице за водење на социјални медиуми, подготовка на кампањи и организација на канцеларијата.

Клучни работни обврски

  • планирање и организација на соодветни ПР активности за поголема видливост на организацијата и проектните резултати;
  • подготовка на промотивни кампањи и ПР стратегии на социјални медиуми;
  • креирање на ефективни пораки за резултатите и постигнувањата на проектите, кои би се испраќале до пошироката публика и специфични целни групи;
  • работа на социјални медиуми (Facebook, Twitter и Instagram) и одржување на веб страната на ЦУП, дневно известување за сите активности во и вон рамки на проектите кои ги спроведува ЦУП;
  • подготовка на mail кампањи и нивно споделување преку дата базите на организацијата;
  • обезбедување административна, логистичка – техничка поддршка на извршната канцеларија и целиот тим при организирање на настани и обуки во рамки на проектите;
  • подготовка на проектни материјали, апликации, како и преводи на/и од англиски јазик;
  • комуникација со сите релевантни институции со кои ЦУП соработува, како и со проектни партнери и соработници;
  • организација, презентација и соработка со медиуми и пошироката јавност;
  • планирање, следење, спроведување, координирање и извршување задачи во врска со обезбедување на соодветна опрема, инвентар, пошта и телекомуникации со цел завршување на работните обврски поврзани со спроведување на проектите на организацијата;
  • учество во дел од активностите на проектите и подготовка на проектните извештаи доколку е потребно.

Квалификации и работно искуство

  • Високо образование во областа на маркетинг, ПР, менаџмент и сродни области;
  • Познавање и искуство во ПР и комуникации;
  • 4+ работно искуство на проекти и познавање на проектен циклус;
  •  4+ години работно искуство на иста или слична работна позиција;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  •  Одлично познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint);
  • Одлично познавање и користење на социјални медиуми (Facebook, Twitter и Instagram);
  • Одлично познавање на англиски јазик, (устен и пишан);
  •  Силни организациски вештини како и флексибилен пристап во работењето;
  • Познавање на административната и канцелариската работа;
  • Изразени меки вештини (комуникација, работа во тим, одговорност, посветеност);
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови.
  • Предност ќе се смета:
  • Искуство во работење на слична позиција во Граѓански сектор; 
  • Искуство во архивско работење 


Позицијата е предвидена со полно флексибилно работно време 8.30 / 9.30 – 16.30 / 17.30 часот, со НЕТО месечен надомест од 25.000 денари и сите платени придонеси како дел од вработувањето.


Доколку сте заинтересирани и сметате дека ги исплолнувате наведените барања, Ве молиме вашето CV во европски формат на англиски/македонски јазик, мотивационо  писмо и Уверение за завршено високо образование, да ги доставите во електронска верзија најдоцна до 20.10.2021 година до 14.00 часот, на е-маил адреса info@cup.org.mk  со назнака: Оглас - Асистент / ПР лице.

Ние нудиме:

  • Одлични можности за напредување 
  • Личен развој и можност за усовршување на знаењата 
  • Флексибилно работно време
  • Динамична работна атмосфера
  • Тимска работа 

Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk