Центарот за управување со промени (ЦУП) започнува со реализација на Проектот: „Поддршка за воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници“ поддржан од Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија и во соработка со Министерството за јавна администрација.
Официјално започна проектот со потпишување на меморандум за соработка помеѓу Министерството за јавна администрација и Амбасадата на Франција во Северна Македонија. Реализацијата на активностите започна со одржување на прв состанок на работната група во просториите на Министерството за јавна администрација. Работната група е составена од експерти од страна на Центарот за управување со промени како и службеници од Министерството со долгогодишно искуство во областа. Работната група ќе има за цел да ги изготви клучните акти за воспоставување на Академијата, а координатор на активностите е Центарот за управување со промени.
Проектот ќе придонесе кон реформите на јавната администрација преку градење капацитети и неговата реализација опфаќа две компоненти:
Дополнително, во свое учество во проектот ќе имаат и експерти од Националниот институт за јавна администрација на Франција (INSP) и Генералната дирекција за администрација и јавна служба (DGAFP) преку споделување на искуствата и експертизата на француската администрација.
Дата: 07.08.2025
Дата: 24.06.2025
Дата: 29.05.2025