Тимот на ЦУП се сретна со Министерката за образование и наука Мила Царовска и шефицата на кабинетот на министерката Санела Шкриељ за да им ги претстави наодите од истражувањето за образовниот процес во периодот на пандемијата. Беа дискутирани препораките на ЦУП за подобрување на организацијата на образовниот процес во следниот период, интензивирање на дигиталното работење во сите институции во секторот образование и можностите за електронски образовни услуги. ЦУП и МОН го делат истото мислење дека за модернизирање на образованието се неопходни подобри дигитални вештини на сите вклучени во процесот.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024