Центарот за управување со промени, во рамките на проектот „Поддршка на процесот на реформите на јавната администрација“, а во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, одржа средба со координаторите на ПВР од министерствата за начинот на подобрување на процесот на проценка на влијание на регулативата во администрацијата.
На средбата беше презентиран и Прашалник наменет за државните службеници кои работат на подготвување на предлози на закони и спроведување на ПВР.
Наодите од овој прашалник треба да помогнат во изработка на Анализа, во која ќе се согледаат слабостите при изготвување на Извештаите за ПВР и ќе се предложат мерки за нивно надминување.
Проектот е финансиран до Британската Амбасада во Скопје.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024