Средба со Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска | ЦУП
Сподели

Средба со Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска

Дата: 22.08.2023

На 22.08.2023 година Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска и програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска одржаа информативна средба со Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во врска со текот на проектот „Преосмислување на управувањето“.
На средбата се разговараше за: 
-    Резултатите од спроведената ПВР за системот за стратешко планирање, изработената споредбена анализа за националните системи за стратешко планирање, изработената анализа за потреби од обуки на вработените во јавниот сектор
-    Потенцијалните модели за уредување на системот за стратешко планирање и управување со јавните политики, резултатите 
-    Текот на работилниците за потенцијална измена на Деловникот на Владата
-    Идните планирани активности во рамки на проектот 
Поддршката од Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење е многу важна за работата на ЦУП.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk