Планински разговори - Работилница за независна безбедносна служба на Собранието на РСМ | ЦУП
Сподели

Планински разговори - Работилница за независна безбедносна служба на Собранието на РСМ

Дата: 04.03.2022

На 3 март 2022 година во рамки на Програмата за парламентарна поддршка од страна на Владата на Швајцарија,а имплементирана од Националниот демократски институт, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас цивилис, беше одржан настанот „Планински разговори“, на кој присуствуваа Претседателот на Собранието на РСМ Талат Џафери, Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски, Претседателот на Владата на РСМ Димитар Ковачевски и претстваниц на граѓанскиот сектор.

На настанот учествуваше извршната директорка на ЦУП Неда Малеска-Сачмароска, каде се дискутираше за зајакнувањето на независност на законодавната власт и беше отворена дискусија за изнајдување на модалитети вo насока на реформа на безбедносните служби во врска со постигнување на статус на независна безбедносна служба на Собранието на Република Северна Македонија.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk