Предмет на оваа анализа се новите решенија во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Целта на анализата е да се направи споредбен преглед на старите и новоусвоените закони кои ја регулираат областа на јавниот сектор и да се оценат точките на напредок или пак уназадување во однос на старите законски решенија. Овој преглед претставува сублимат на долгогодишните заложби и мислењата на Центарот за управување со промени (ЦУП) во насока подобрување на системот кој ги уредува прашањата од областа на јавната администрација, а кои се изнесени во анализите, документите за политики или извештаите кои ЦУП ги има подготвено, и тоа:
Анализата се фокусира на најзначајните промени кои ги носат новите законски решенија од аспект на организација на јавниот сектор, управувањето со човечките ресурси, вработувањето и унапредувањето врз основа на заслуги, отчетноста, управувањето кон резултати и сл. Анализата не ги обработува детално одредбите кои ги регулираат платите и другите надоместоци на административните службеници.
Мора да се напомене дека во многу области на управувањето со човечки ресурси, а особено во процесите на селекција, вработување и унапредување не може да се направи длабинска анализа во оваа фаза заради неразвиените подзаконски акти кои треба подетално да ја доуредат оваа материја. Оттука, мислењата и препораките дадени во оваа анализа би требало да се земат предвид при креирањето на подзаконските акти, а во насока на поддржување на принципите на добро управување и управување засновано на заслуги.
Ставовите и препораките изнесени во овој документ беа предмет на дискусија со надлежните институции во процесот на подготовката на законските решенија, некои од предлозите на ЦУП се дел од претходните верзии на законите, а дел се прифатени и вградени во новата законска регулатива. Оваа анализа се осврнува на решенијата во законите по нивното усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.
Споредбената анализа на претходниот и новиот Закон за вработените во јавниот сектор (ЗВЈС) се фокусира на следните точки: ж
Споредбената анализа на новиот и претходниот закон за административните служебници (ЗАС) се фокусира на следните точки:
Табеларниот приказ на претходните и новите законски решенија, проследен со соодветно мислење и став на ЦУП, овозможува појасна и систематизирана претстава, што го олеснува следењето и разбирањето од страна на читателите и е содржан во Анекс 1 и Анекс 2.
Анализата е подготвена во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ финансиран од фондот National Endowment for Democracy (NED).
[1] https://cup.org.mk/publication/policy-paper-recommendations-for-improving-the-legal-framework-for-public-administration
[2] https://cup.org.mk/publication/expert-commentary-and-proposals-on-the-draft-laws-regulating-employment-in-the-public-sector-published-on-ener-on-27-12-2024
[3] https://cup.org.mk/publication/analysis-of-corruption-risks-in-public-sector-employment-procedures
[4] https://cup.org.mk/publication/analysis-of-discretionary-powers-in-procedures-for-appointing-managerial-structures-in-state-institutions
[5] https://cup.org.mk/publication/ethics-and-inconsistencies-in-the-work-of-state-administration-bodies
[6] https://cup.org.mk/publication/report-from-monitoring-of-employment-allocation-and-implementation-of-budgets-in-public-institutions
[7] https://cup.org.mk/publication/what-are-the-citizens-interested-in-report-on-the-implementation-of-the-law-on-free-access-to-public-information
Дата: 07.08.2025
Дата: 24.06.2025
Дата: 29.05.2025