Новости
Завршен настан на проектот „Y-O Model“
Дата: 23.02.2026
Изминатата седмица во Тирана беше одржан завршниот настан од проектот „Y-O Model“, кој беше спроведен од страна на конзорциум на граѓански организации од Албанија, Македонија, Италија и Косово, а со главна цел зајакнување на младинското учеств во процесите на содзавање политики преку активности насочени кон истражувања, обуки за јакнење на знаењата, настани за вмрежување со засегнати институции и студиски посети на засегнати институции во државите на партнер-организациите.
На завршниот настан млaдите учесници во рпоектот имаа можност да ги презентираат своите кратки истражувања на теми од интерес за младите, кои содржат и практични препораки кои доносителите на одлуки може да ги земат предвид.
Беа презентирани четири истражувања на теами поврзани со младинската невработеност, менталното здравје, политичкото учество и политичката култура на младите.
Марко Данаиловски и Мила Динковска, како дел од тимот на млади истражувачи од Македонија, го презентираа истражувањето на тема „Алтернативни начини за решавање на младинската невработеност“.
За време на вориот ден од завршниот настан беше организирана студиска посета во агенцијата за млади на Република Албанија, каде малдите учесници имаа можност да споделат искуства и ставови со претставниците на агенцијата во ондос на спроведувањето на младинските политики, како можни решенија за нивно подобрување.
Овој проект создаде основа за понатамошно вклучување на младте во работата на организациите и институциите, а со крајна цел зајканување на нивната политичка култура и улога во опшетеството.







