Зошто Службениот весник треба да биде бесплатен? гостување на проектната кородинаторка во ЦУП Анета Иванова стојаноска во поткастот Rishatzi | ЦУП
Сподели
Новост

Зошто Службениот весник треба да биде бесплатен? гостување на проектната кородинаторка во ЦУП Анета Иванова стојаноска во поткастот Rishatzi

Дата: 03.03.2026

Проектната координаторка во ЦУП, Анета Иванова Стојаноска, беше гостин во новата епизода на поткастот Rishtazi на новинарот Назим Рашиди. 

Тема на поткастот беше потвореноста и транспарентноста на инсттуциите од јавниот сектор. Посебен фокус беше ставен на потребата од отворатање на служебниот весник за исте граѓани, така што пристапот до тековните изданија ќе биде бесплатен. Во овој момент за пристап до тековните изданија на службениот весник е потребна месечна или годишна претсплата, што е апсурдно, бидејќи граѓаните имаат право да се запознаат со содржината на општите прописи на државата кои ги редуваат нивните права, обврски и правни интереси.

Емисијата може да ја проследите на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=NKllbpN3iF4&t=1941s

Подетално за апсурдната ситуација со службениот весник, може да прочитатае во докуемнтот за јавни политики на ЦУП насловен- Дали е можно владеењето на правото со комерацијален службен весник - на следниот линк https://cup.org.mk/publication/public-policy-document-is-the-rule-of-law-possible-with-a-commercial-official-gazette