Пуштена е во употреба онлајн продавницата која беше изработена во рамките на проектот Развој на микро-претпријатија во сопственост на жени во прекуграничната област. На онлајн продавницата се промовирани производи изработени од страна на жени претприемачки кои се вклучени во проектот.
На онлајн продавницата може да се погледнат и купат најразлични производи кои вклучуваат рачни изработки, традиционална облека, накит, свечени фустани, венчаници, уметнички предмети и слично, но исто така се промовираат и услуги како нега и козметика, ресторански услуги, печатење на различни материјали, сметководствени услуги и слично.
Главната цел на оваа онлајн продавница е да се промовираат жените претприемачки од реонот на Полог во нашата земја и реонот Елбасан во соседна Албанија. Страната може да ја разгледате на следниот линк: ⇒ https://womenpoweron.com/
Нагласуваме дека со купување на одреден производ го подржувате женското претприемништво и помагате во развој на малите бизниси на жените претприемачки.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024