Отворено Владино Партнерство - Дијалог со граѓанските организации за Националниот Акциски план 2016-2018 | ЦУП
Сподели

Отворено Владино Партнерство - Дијалог со граѓанските организации за Националниот Акциски план 2016-2018

Дата: 24.03.2016

Претставници на Центарот за управување со промени зедоа учество на конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018“. Конференцијата се одржа на 23-24 март 2016 во хотел Александар палас, Скопје, а беше организирана од проектот ТАКСО (Техничка поддршка за граѓанските организации) и Министерството за информатичко општество и администрација.

 Конференцијата имаше за цел да го презентира прогресот на реализација на Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2014-2016, да ги претстави регионалните искуства во ова поле, но и да ги дефинира сумираните препораки од граѓанските организации за дизајнирање на следниот акциски план за периодот 2016-2018.

 Во тој контекст, претставниците на ЦУП беа вклучени во модерирањето на групите за областите „Отворени податоци“ и „Отвореност на локално ниво“, особено земајќи го предвид искуството од реализација на проектот „Граѓаните на прво место“, кој како проект е особено значаен за овие две столба на следниот акциски план. 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk