Координаторката за финансии во ЦУП Весна Глигорова, ја претставуваше организацијата на „Tirana Connectivity Forum“ кој се одржуваше од 26 до 28 септември 2022 година.
На конференцијата се зборуваше за напредокот кој го направиле земјите од Балканот во поглед на железничката инфраструктура и транспортните коридори на Западен Балкан и значењето кое го имаат за развој на економиите.
Воедно, на настанот се зборуваше за одржливоста на граѓанското општетсво и неговиот придонес во одржувањето на институциите и доброто управување, како и подобрување на ефикасноста во креирањето на јавни политики.
Конференцијата беше организирана од страна на регионалниот проект и платформа за поддршка и зајакнување на граѓанското општество во државите од Западен Балкан „Smart Balkans“.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024