Платформа за следење на предизборни ветувања odgovornavlada.mk | ЦУП
Сподели

Платформа за следење на предизборни ветувања odgovornavlada.mk

Дата: 26.04.2024

Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, кој е поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, ја изработи веб страницата www.odgovornavlada.mk, која во предизборниот период ќе има функција на платформа за следење на предизборни ветувања на политичките партии, додека после формирањето на владата ќе има функција на платформа за следење на реализацијата на ветувањата на Владата согласно официјалната програма за работа на владата.

Платформата во овој момент овозможува преглед на главните ветувањата во 11 одбрани области на следните коалиции/партии:

  • Коалиција „За европска иднина“
  • Коалиција „Твоја Македонија“
  • Коалиција „европски фронт“
  • Политичка партија ЛЕВИЦА
  • Коалиција ВЛЕН

Одговорна Влада има за цел да ги поттикнат граѓаните да ги прочитаат ветувањата кои политичките партии ги пласираат во нивните предизборни програми, така што платформата дава  брз и едноставен преглед на клучните ветувања, и да направат информирана одлука за кого ќе го дадат својот глас.

Одговорна Влада има е платформа која дава јасен преглед за тоа колку партиите имаат конкретни и мерливи ветувања, чија реализација во иднина може да се следи и дали воопшто ветувањата се реални.

Одговорна Влада има за цел има за цел да им помогне на граѓаните, граѓанските организации и медиумите активно да ги следат предизборните парламентарни програми на политичките партии, и што тие им ветуваат на граѓаните.

Одговорна Влада има за цел да ја мери испораката на резултати ветувања од победничката партија за информирање на граѓаните.

Одговорна Влада се стреми да го следи долгорочното работењето и развојот на државата, спроведувањето на владините политики, како и зајакнување на одговорноста од страна на Владата и политичките партии за (не)испорака на ветувања. Ова може да се постигне преку детално и активно следење на работењето на Влада.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk