Oбука за анализа на политики | ЦУП
Сподели

Oбука за анализа на политики

Дата: 20.03.2019

Во тек е обука за анализа на политики, која ја организираме во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација. Тридневната обука е наменета за претставници од Министерствата, Секретаријатот за европски прашања и Генералниот Секретаријат.

Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаење за различни пристапи кон анализа и имплементација на политики, како што се: сценарија на анализи, теорија на промени и политичко – економска анализа, како и развив...ање аналитички вештини за користење податоци и докази за подобро креирање и анализа на политики.

Обучувач е г-дин Сем Боринг, меѓународен консултант од консултантската куќа MDF - Холандија.

Обуката се организира во рамки на проектот „Носење промени – добро управување и ефективност на јавната администрација“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk