Дискусија за јавни политики - Можни пристапи кон решавање на младинската невработеност | ЦУП
Сподели
Настан

Дискусија за јавни политики - Можни пристапи кон решавање на младинската невработеност

Дата: 23.01.2026

На 23.01.2026 година, Центарот за управуавње со промени (ЦУП) организираше јавна дискусија во врска со можните пристапи кон решавање на младинската невработеност во државата. 

Настанот го отвори финансиската директорка на ЦУП, Весна Бочварска Цветковска, која го презентираше проектот, неговите цели и активности кои беа организирани во изминатите две години, како и целта на овој настан, а тоа е да се отвори јавна дискусија кај сите чинители за решевање на проблемот со младинската невработеност во државата. Адресирањето ан овој проблем дава повеќе придобивки за државата, како на пример намалување на иселувањето, зајакнување на конкурентноста и економијата на државата и подобрување на квалитетот на живот. 

Панелисти на настанот беа:

- Марко Данаиловски од Центарот за управување со промени, кој ја прикажа динамиката на малиднската невработеност во државите од ЕУ и даде споредбен приказ кои јавни политики овие држави ги презеле за да одговорат на малдинската невработеност. 

- Ане Матевска од Националниот Младински совет на Македонија, која ги презентираше наодите и искуствата на организацијата со младинската невработеност во државата, а со посебен фокус на практичната настава и кариерното советување.  

- Мила Динковска, учесничка во проектот "Y-O Model", која ги презентираше наодите и препораките од истражувањето кое го спроведуваше во рамки на проектот.

- Софија Арнаудова од Филозофскиот факултет во скопје, која се осврна на тоа како образованието може поефикасно да одговори на барањата на пазарот на труд и како да се воведе квалитет во праксата во високото образование. 

- Билјана Живковска од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, која се осврна на официјалните бројките на Агенцијата и Државниот завод за статистика, во врска со состојбите со младинска невработеност, барањата на пазарот на труд ос аспект на вештини, образование и квалификации. 

- Јасна Пајковска од компанијата Impact Wise Solutions, која се осврна на барањата на приватниот сектор, но и на тоа што треба да направи приватниот сектор за да ги задржи младите. 

После излагањата на панелистите присутните поставуваа прашања и споделуваа мислања на темата, а настанот заврши со заклучни согласувања. 

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Youth Observers“, поддржан од програмата на европската Унија, а спроведен од страна на конзорциум составен од организации од Македонија, албанија, Италија и Косово.