ЦУП организираше практична работилница за студентите од општетсвените науки на тема „Народниот правобранител во заштита на правото на добра администрација“.
На работилницата, проф. д-р Наталија Шикова го презентираше истражувањето за работата на Народниот правобранител и подетално ги запозна учесниците со правото на добра администрација. Истражувањето може да го прочитате на следниот линк https://cup.org.mk/publication/the-role-of-the-ombudsman-in-protection-of-the-right-to-good-administration
Практичниот дел го водеше Анета Иванова Стојаноска од ЦУП, која им ги претстави техниките и методите за пишување на претставка до Народниот правобранител.
Студентите учесници, во групи пишуваа претставки, а потоа ги презентираа пред присутните. Студентите покажаа висок степен на познавање на човековите права и испратија силна порака за нивна заштита. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација“ кој е спроведен од ЦУП и поддржан од National Endowment for Democracy
Дата: 22.04.2025
Дата: 24.02.2025
Дата: 01.02.2025