Новости
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНА ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА НА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Дата: 24.11.2021
На 24.11.2021 ЦУП одржа презентација на Изветајот од спроведената функционална анализа на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).
Целта на настанот беше да се развие дискусија и да се креира план за подобрување на административните капацитети на Комисијата во долг рок. На настанот беше присутна и Заменик амбасадорката на Велика Британија во РСМ Џулиен Смит, која ги сподели своите впечатоци и даде поддршка на проектот.
Со планот за подобрување и дополнителните акти за внатрешна организација би се заокружил овој циклус на спроведување функционална анализа која се изработува во насока на подобрување на ефикасноста на институцијата преку идентификување на предизвиците и предложување на конкретни мерки за подобрување.
Настанот е спроведен во рамки на проектот „Борба против диксриминација преку поддршка на Комиисјата за спречување и заштите од дискриминација“, имплементиран од ЦУП а поддржан од Британската амбасада во РСМ.
Најнови новости
Презентација на докуемнти за јавни политики
Дата: 16.03.2026
Завршен настан на проектот „Y-O Model“
Дата: 23.02.2026
















