Презентација на годишен извештај за работа на КСЗД | ЦУП
Сподели

Презентација на годишен извештај за работа на КСЗД

Дата: 15.03.2022

На 15 март 2022 година в хотел Холидеј Ин во Скопје, во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ (КЗСД) беше организирана конференција за презентирање на годишниот извештај за 2021 година.

На конференцијата членовите на Комисијата ги претставија преку бројки случаите кои ги работеле и јасно ја изразија низата волја за понатамошно делување за справување со дискриминацијата во нашето општество. 

Покрај членовите на Комисијата, како силен поддржувач на Комисијата и заложбата за борба против дискриминациа, кратко излагање имаше и Заменик Амбасадорката на Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје. Исто така, за време на сесијата за прашања, претставници на граѓанскиот сектор и државни институции се вклучија во плодна дискусија околу проактивната функција на Комисијата како и можните идни решенија за зајакнување на положбата на Комисијата во државата.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk