Презентација на првиот Квартален извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација | ЦУП
Сподели

Презентација на првиот Квартален извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Дата: 21.07.2021

Во рамки на проектот – „ Борба против дискриминација преку поддршка на Комисија за спречување и заштита од дискриминација“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку British Embassy Skopje, а имплементиран од Центарот за управување со промени, се одржа презентација на првиот Квартален извештај за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Настанот се одржа во Клуб на пратеници, во хибридна форма, со присуство во живо на мал број посетители и можност за следење преку канал на ZOOM платформата. На настанот беше присутна нејзината екселенција, амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Рејчел Галовеј, како и претставници на медиуми , претставници на граѓанскиот сектор, претставници на меѓународни организации, претставници на амбасади како и пратеници од Собранието на Република Северна Македонија.

ЦУП преку проектот, ќе ја води и поддржи Комисијата низ процесот на поставување стратешки приоритети за извршување на законските одговорности, дејствување како професионална институција посветена на заштита на правото на граѓаните и зајакнување на капацитетите за извршување на функцијата и подобрување на отчетноста пред граѓаните.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk