Презентирана платформата за соработка и дијалог меѓу невладините организации и медиумите во Штип | ЦУП
Сподели

Презентирана платформата за соработка и дијалог меѓу невладините организации и медиумите во Штип

Дата: 19.10.2017

Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права ја презентираа во Штип, платформата за соработка и дијалог меѓу граѓанските организации и медиумите и сајтот istrazifakti.mk, кои се дел од проектот “Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права”.

Пред присутните новинари и активисти на невладините организации , за вредноста на платформата и нејзината поддршка на истражувачкото новинарство во Република Македонија говореа Искра Белчева-Ристовска , проектен менаџер од Центарот за управување со промени, Весна Коловска од “Диверзити Медиа”, Виолета Глигороска од фондацијата “Метаморфозис” и новинарката Марина Костова од порталот Сакам Да Кажам.

Тие ја потенцираа улогата на платформата како значаен промотор на истражувачкото новинарство.

Уникатноста на платформата е во тоа што граѓанските организации и медиумите меѓусебно соработуваат на истражувачки стории во интерес на унапредувањето на демократијата и заштитата на човековите права.

Преку програмата за регрантирање на проектот беа финансирани 8 помали проекти. Граѓанските организации успешно ги спроведоа овие проекти во соработка со медиумски организации. Резултат се бројни истражувачки стории во вид на интервјуа, печатени стории и видео прилози, објавени на телевизиски станици и веб портали.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk