Промоција на анализата за избраните и именуваните лица | ЦУП
Сподели

Промоција на анализата за избраните и именуваните лица

Дата: 08.05.2018

Во Четврток, 10-ти Мај, Центарот за управување со промени ќе одржи промоција на наодите од следење и панел дебата за темата “Избрани и именувани лица – Обединети податоци”, со фокус на улогата, функцијата и одливот на средства наменети за овие лица.
Промоцијата и дебатата ќе се одржат во ресторанот Воденица Мулино.
Воведни обраќања на настанот ќе имаат извршниот директор на ЦУП, Неда Малеска – Сачмароска, Министерот за информатичко општество и администрација , Дамјан Манчевски и Амбасадорот на Обединетото Кралство, Чарлс Гарет.
Во панел дебатата ќе учествуваат професорот на правниот факултет „Јустинијан Први” и клучен експерт на проектот, Драган Гоцевски; Неда Малеска – Сачмароска од ЦУП; државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија, како и консултантите Гордан Георгиев и  Југослав Ѓоргиевски.
Дебатата ќе ја модерира Гордана Стефковска – Вељановска, проектен менаџер на проектот “Следење на административната правда”, во рамките на кој е направена анализата за избраните и именуваните функционери.
Истовремено, Мартин Тодевски од ЦУП, ќе ја промовира дата базата и веб алатката за пребарување податоци во однос на избраните и именувани лица. 

 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk