Промоција на електронска регистрација на проекти во СЕП | ЦУП
Сподели

Промоција на електронска регистрација на проекти во СЕП

Дата: 26.05.2021

Презентација на електронската услуга за регистрација на проекти / донации во Секретаријатот за европски прашања, која ќе се одржи на 27-ми мај 2021 година, (четврток), од 10 до 11:30 часот, на online платформата ZOOM.

Целта на настанот е да се презентира електронскиот начин на регистрација на проекти во Секретаријатот за европски прашања и да се потенцираат придобивките од воведувањето на електронската услуга.

Услугата е изработена во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени, во соработка со Секретаријатот за европски прашања.

На настанот ќе се обратат заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г-дин Никола Димитров, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. Рејчел Галовеј, извршната директорка на Центарот за управување со промени, г-ѓа Неда Малеска Сачмароска и професорот на ФИНКИ, г-дин Гоце Арменски.

Можете да се приклучите на презентацијата со првична регистрација на следниот линк: https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_WtiQ_NtyQAqe0UECehUAKA или на Facebook страницата на ЦУП.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk