ЦУП како дел од регионалната академија за процеси на донесување на јавни политики засновани на докази | ЦУП
Сподели

ЦУП како дел од регионалната академија за процеси на донесување на јавни политики засновани на докази

Дата: 25.09.2024

Во периодот 24-26 септемвери 2024 година, Регионалната школа за јавна администрација (Regional School for Public Administration - RESPA) ја организираше регионалната академија за „процеси на донесување на јавни политики засновани на докази“. Целта на овој едукативен настан беше службениците од јавниот сектор да се запознаат поблиску со современите и иновативни методи за креирање на јавни политики, со крајна цел испорачување на повеќе и подобри резултати за граѓаните. Дополнително, овој настан придонесува кон зајакнување на капацитетот на државните службеници да го продлабочи нивното знаење за методите и алатките кои ја зголемуваат ефикасноста на сложеното планирање на политиките.

Програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска на учесниците на регионалната академија им одржа предавање преку кое презентираше предлог за редизајниран систем за стратешко планирање и платформа за следење на спроведувањето на Програмата за работа на Владата www.odgovornavlada.mk. Предлозите на ЦУП се насочени кон подобрување на испораката на резултати за граѓаните, транспарентноста, отчетноста и одговорноста на институциите, а се изработени во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk