На денешната дебата на тема: Отпорноста и прилагодливоста на образовниот сектор во Република Северна Македонија, заедно со Министерката за образование и наука Мила Царовска и експертите Ник Морган од Шкотска и Сандра Кучина Софтиќ од Хрватска, разговаравме за тоа како земјите во Европа вклучувајќи ја и нашата земја, се справија со наглите промени во образовниот сектор, односно промената од кабинетска во онлајн настава. Ги споделивме досегашните искуства од спроведувањето на наставата на далечина кај нас како и во Шкотска и Хрватска, зборувавме за мислењата и искуствата на наставниците, родителите и учениците, кои се дел од целиот процес и се согласивме за тоа колку е важна дигиталната писменост и на кое ниво се наоѓа кај нас, а на кое во поразвиените земји.
Неопходно е модернизирање односно дигитализирање на образованието во сите сегменти и во делот на услугите, како и реформи кои ќе создадат лесно прилагодлив наставен процес во време на криза.
Дебатата е поддржана од Европската Унија и програмата Цивика Мобилитас
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024