Втора работилница - Искуства, предизвици и справување со можни ризици во работата на Мрежа 23 | ЦУП
Сподели

Втора работилница - Искуства, предизвици и справување со можни ризици во работата на Мрежа 23

Дата: 01.12.2014

Втората работилница од проектот Мрежа 23 се одржа од 11.12 – 14.12.2014 година во хотел Дрим во Струга. Работилницата имаше за цел да им помогне на учениците да се запознаат со структурата за креирање информации, следење и евалуација на имплементација на политиките од Поглавјето 23. На работилницата се споделија претходни искуства и се разговараше за идни предизвици и справувањето со можни ризици во имплементација на проектите. Особено внимание на работилницата предизвика споделување на регионалните искуства на скрининг процесот во земјите во регионот за време на пристапните преговори преку презентациите на соработниците на проектот, односно на European Institute Foundation од Бугарија; Institute Alternative од Црна Гора и European Policy Center – CEP од Србија.

Работилницата беше наменета за членови на граѓанските организации кои се дел од грантовата шемаод проектот „Мрежа 23“ и директно или индиректно се поврзани со процесот на мониторинг и евалуација на јавни политики во Поглавје 23 преку реализација на нивните проекти - составен дел од грантовата шема. Секој од учесниците се стекна со знаење за структурата на Поглавјето 23, воспоставувањето и изградбата на алатката МЕРЦ, методологијата за креирање на информативни, евалуациски и датабаза за мониторинг на пристапните преговори, а дополнително, учесниците ќе разработат План за следење и справување со непредвидени ситуации за сопствените проекти. 

 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk