Работилница за секторска отчетност и секторско планирање-модул 2 | ЦУП
Сподели

Работилница за секторска отчетност и секторско планирање-модул 2

Дата: 16.04.2019

Денеска започнавме со вториот модул за стратешка отчетност, како продолжение на работилницата која се спроведе во февруари 2019 година.

Целта на овој модул, и воедно на работилницата, е да се пренесе знаење и практични аспекти за секторското планирање и секторската отчетност, како основа за развој на подобри и посеопфатни политики, и подобро следење на имплементацијата на политиките.

Предавач на работилницата е канадскиот експерт, г-дин Тед Тунис, кој има долгогодишно искус...тво во оваа област. Учесници на работилницата се претставници од Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и Секретаријатот за европски прашања, но и од институциите кои се опфатени во нивните сектори.

Работилницата се организира во рамки на проектот „Носење промени – добро управување и ефективност на јавната администрација“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk