Студиска посета во Обединетото Кралство | ЦУП
Сподели

Студиска посета во Обединетото Кралство

Дата: 03.10.2022

Во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје и имплементиран од страна на Центарот за управување со промени, а во заедничка соработка со проект спроведен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка, за време на студиската посета која се реализира од 27 септември до 6 октомври беа остварени повеќе работни средби. Членовите и службата на КСЗД, Извршниот директот на ЦУП, г – ѓа Неда Малеска Сачмароска и Проектниот координатор Нада Димитриевска и претставниците на МЦМС остварија работни средби со претставници од Комисијата за еднаквост и човекови права на Англија, Парламентарниот комитет за жени и еднаквост на Парламентот на Обединетото Кралство и Владината канцеларија за еднаквост на Владиниот кабинет на Обединетото Кралство.

Во рамки на работните средби беа разменети вредни искуства и практики на овие институции, како и методологии на работа со цел градење на капацитетите на КСЗД и пренесување на позитивни искуства во нивното институционално работење.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk