Центарот за управување со промени и Министерството за информатичко општество и администрација, вчера и денеска (25 и 26 Април) ја спроведуваат втората обука за проценка на влијанието на регулативата, како дел од проектот “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација”.
Предавачи на оваа дводневна обука се повторно се Магдалена Шалдева и Ристе Јуруковски а ја следат 35 лица кои директно или индиректно работат на ПВР во министерствата на владата на РМ.
Целите на оваа обука се да биде постигнато заедничко разбирање за важноста на проценката на влијанието на регулативата во процесот на подготвување на подобро законодавство, запознавање со концептот и начинот на спроведување на ПВР и подготвување на извештајот за ПВР, запознавање со новиот ПВР извештај и воведно запознавање со клучните техники за изработка на ПВР.
Дата: 26.08.2024
Дата: 26.04.2024