Обука наменета за претставници на државни институции кои се вклучени во процеси на мониторинг и евалуација на јавни политики | ЦУП
Сподели

Обука наменета за претставници на државни институции кои се вклучени во процеси на мониторинг и евалуација на јавни политики

Дата: 13.03.2019

Процесот на модернизација на јавната администрација продолжува! Од 13 до 15 март 2019 во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација ја спроведуваме обуката наменета за претставници на државни институции кои се вклучени во процеси на мониторинг и евалуација на јавни политики.

На оваа работилница тие ќe се стекнат со знаења за ефективни принципи за мониторинг и евлауација на јавни политики, дизајнирање и користење на клучни индикатори за успешност, м...етоди за прибирање податоци за клучните индикатори на успешност, дизајнирање на процес на евалуација и сл.

Обучувач е г-а Мари Андела, меѓународен консултант од консултантската куќа MDF од Холандија.

Тридневната обука се организира во рамки на проектот „Носење промени – добро управување и ефективност на јавната администрација“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада Скопје.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk