Тренинг за млади на тема - Јавни политики и застапување | ЦУП
Сподели

Тренинг за млади на тема - Јавни политики и застапување

Дата: 29.05.2025

Од 26 до 27 мај 2025 година во Кампобасо (Италија) беше одржан третиот тренинг за учесниците во проектот "Y-ao Model".

Темата на тренингот беше "Јавни политики и застапување" и предавачите преку интерактивни сесии и студии на случаи ги запознаа учесниците со теоретските и практичните аспекти на засапувањето пред националните институции на локално и централно ниво, како и застапувањето пред институциите на ЕУ.

Беа обработени како формалните така и неформалните механизми за учество во на граѓанското општетсво во процесите на донесување одлуки во институциите низ споредбена перспектива во Европа, но со гавен фокус на процесите во Италија.

Учесниците имаа можност да ја посетат Општината на Кампобасо и во просториите на советот на Општината да имаат дисксиија со двајца советници на градоначалникот. Советниците ги презентираа механизмите за учество на граѓаните и организациите во процесот на донесување одлуки на локално ниво. 

Учесници во рамки на проектот се млади луѓе од Албанија, Северна Македонија, Косово и Италија. 

Проектот "Y-О Model" е поддржан од ЕУ и спроведен од конзорциумот составен од следните организации: МЦ (Тирана, Албанија), CCIS (Тирана, Албанија), SCIDEV (Тирана, Албанија), CCM (Скопје, Северна Македонија), INDEP (Приштина, Косово) и GEIE (Кампобасо, Италија).