Посета на жени претприемачки кои изработуваат традиционална облека | ЦУП
Сподели

Посета на жени претприемачки кои изработуваат традиционална облека

Дата: 20.04.2022

На 20- ти април, по повод ден на народните носии, сопругата на претседателот на РСМ на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска заедно со тимот на Центарот за управување со промени ќе посети жени претприемачки кои го негуваат и пренесуваат културното наследство преку изработка на уникатни ракотворби на традиционални македонски и албански народни носии. Оваа посета се организира во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, кој поддржан од BTD и е дел од поддршката на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска во промоција и развој на женското претприемништво во нашата земја.

 

Целта на посетата е да се промовира вредната работа на вештите жени кои успеваат да ги задржат и оживеат заборавените традиционални вештини и денес, на нов, модерен начин, преку едно креативно ремек дело на бои, ткаенини и везови да го сочуваат културното богатство. На овој начин жените успеваат да ја оживеат вековната традиција и истата да ја проткаат низ нишките на современото живеење.

 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk