Каков ќе биде буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2020 година? | ЦУП
Сподели

Каков ќе биде буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2020 година?

Дата: 13.12.2019

На 12 декември 2019 година, Општина Ѓорче Петров со поддршка на Центарот за управување со промени (ЦУП), во рамки на проектот “Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија” организира Јавна дебата на тема „Каков ќе биде буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2020 година“, каде се разви дискусија помеѓу градоначалникот Александар Наумоски со граѓаните и сите засегнати страни, општинската администрација, социјални центри, бизнис заедницата, претставници на училишта и на граѓанскиот сектор, кои функционираат на територија на Општина Ѓорче Петров.

Целта на овој настан е вклучување на граѓаните и сите засегнатите страни во процесот на партиципативно буџетирање со давање на свои предлози во насока на креирањето на локалниот буџет за 2020 година. Придобивките од самиот настан се:

  • Зголемување на учеството на локалните заинтересирани страни – (граѓанското организации, бизнис заедницата, граѓаните, локалните медиуми) – при креирањето на буџетот на општината;
  • Зголемување на свеста на локалното население за тоа како трошење на општинските пари влијае на квалитетот на нивниот живот;
  • Зголемување на кредибилитетот и ефикасноста на одлуките на локалните власти во врска со трошењето на јавните пари, како и подигање на свеста за (потребата од) транспарентност во врска со тоа.
  • Воспоставување на партнерства меѓу локалните засегнати страни и општината.

Проектот е финансиран од УСАИД.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk