Центарот за управување со промени одржа денеска работна средба со претставници на Министерството за информатичко општество и администрација за спроведување на функционална анализа, во рамки на проектот "Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација".
Проектот “Поддршка на реформата на јавната администрација” се стреми да ги зајакне принципите на добро владеење во јавната администрација, преку зајакнување на транспарентноста и отчетноста на институциите и воведување на систем за отворени податоци; подобрување на процесите на стратешко планирање и следење на политиките на Владата, а со тоа унапредување на ефективноста и ефикасноста на политиките; засилување на принципите на управување со човечкиот капитал во администрацијата врз принципите на заслуги и обезбедување на инклузивност и предвидливост на легислативата.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024