Работна средба со Министерот за јавна администрација во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство против корупција“ | ЦУП
Сподели

Работна средба со Министерот за јавна администрација во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство против корупција“

Дата: 12.09.2024

Во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство против корупција“ беше остварена продуктивна работна средба со Министерот за јавна администрација г. Горан Минчев во врска со активностите во рамки на проектот кои се однесуваат на унапредување на реформата на јавната администрација и сузбивање на корупцијата во јавниот сектор, а кои воедно се исто така прироритети и на Министерството.  

Министерот Минчев ја препозна значајната улогата на проектот во зајакнување на капацитетите на институциите и градење на ефективна јавна администрација ориентирана ко граѓаните. Дискусијата на работната средба беше фокусирана на неколку клучни области како што е подоброто уредување на дискреционите овластувања, професионализација на јвната служба и поддршка на законодавните реформи.  

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk